Connect with us

Фудбал

Гвардиола не сака ниту еден играч од Барса и Баерн во Сити. Објасни и зошто

Неодамна се појавија гласини дека Лерој Сане би можел да се врати во Манчестер Сити доколку не го продолжи договорот во Минхен. Џошуа Кимих, чиј договор, како и оној на Сане, истекува во летото 2025 година, исто така јасно стави до знаење дека не би имал ништо против да дојде во Сити.

Сепак, едно се желбите на играчите, а друго е реалноста. Имено, Пеп Гвардиола не сака играчи од два клуба. Тоа се Барселона и Баерн. Не затоа што не ги цени нивните квалитети, туку затоа што е верен на своите поранешни клубови и не сака да ги ослабне.

Биографот на Пеп, Марти Перарнау, новинар на АС, го откри принципот на каталонскиот тренер: „Пеп многу јасно кажа дека нема да ги допре Барса или Баерн“. Перарнау додаде дека спортскиот директор Тксики Бегиристајн бил заинтересиран за неколку играчи од двата клуба, но Пеп ги прекинал тие планови.

„Сити имаше список со играчи на Баерн кои сакаа да ги ангажираат, а Пеп му рече на Тксики да не допира никого – и имаше многу на списокот, речиси сите!“

Гвардиола беше тренер на Баерн од 2013 до 2016 година, а во тој период освои три првенствени титули, два купа и еден Суперкуп на Европа. Како играч и тренер на Барса, Гвардиола освои се, вклучително и три ЛШ, една како играч и две како тренер.