Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Не сме најдобриот тим на светот, но тоа не ме интересира

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, остро реагираше на прес-конференцијата по мечот на „граѓаните“ со Брентфорд, извојуван синоќа со 2-0. По нивниот успех, „небесно сините“ го повлекоа главниот конкурент за титулата Ливерпул со 12 бода. Сепак, Мерсисајдерите заостануваат два натпревари.

Медиумите во Англија често го опишуваат Сити како „најдобриот тим на светот“, а Шпанецот покажа дека тоа не му се допаѓа.

„Импресиониран сум од односот на играчите. Тие се уште сакаат да си ја вршат работата на секој натпревар. Тие обично добиваат комплименти и ги опишуваат како „најдобриот тим на светот“. Можеби ќе се изненадите, но сепак сме нормален тим. Ние не сме најдобриот тим во светот. Најдобар тим во светот е Челзи, најдобар тим е Палмеирас. Ние не сме најдобриот тим на светот и тоа не ме интересира“, изјави Гвардиола по натпреварот.