Connect with us

Фудбал

Гвардиола повтори нешто што не се случило во Манчестер Сити 15 години

Манчестер Сити денес оствари победа од 2:0 на домашен терен против Фулам.

Стрелци во победата на домаќините беа Стерлинг и Де Брујн, а победата на Манчестер Сити беше сосема очекувана.

Сепак, на денешниот наторевар Гвардиола направи нешто што не се случило во Манчестер Сити повеќе од петнаесет години.

Имено, Гвардиола денес не направи ниту едназамена, а последен пат ова се случи во овој тим во април 2005 година.