Фудбал
Гвардиола со проста реченица дојде до заклучок: Не сме ефикасни
Манчестер Сити денеска го „прегази“ Барнли со 5:0, но од фактот дека славеа победа со пет голови разлика не е задоволен Пеп Гвардиола.
Тој со проста реченица заклучи дека неговиот тим требаше да постигне уште повеќе голови.
„Имавме 24 удари – дирекно во рамките на голот. Значи, ние сме најдобар тим во удари кон голот во Европа, но мора да ја подобриме реализацијата“, рече Гвардиола, па додаде:
„Во првото полувреме имавме само 1:0, а креиравме доволно шанси за да постигнеме повеќе голови. Во вториот дел бевме добри. Сите фудбалери играа доста добро, а посебно Џон Стонс кој играше на неприродна позиција. Исто така, Фернандињо беше фантастичен“, рече Гвардиола.
Сити заедно со Ливерпул се наоѓаат на првото место на табелата во Премиер лигата, а после девет одиграни кола имаат освоено 23 бодови.