Фудбал
Гвардиола станува селектор, ќе ја заврши клупската кариера?!
Договорот со Манчестер Сити на Пеп Гвардиола му истекува на крајот од идната сезона, односно во 2023-та година. Повеќе медиуми објавија дека нема да ја продолжи соработката со „Граѓаните“ и дека ќе ја заврши клупската кариера.
Наводно Гвардиола ќе ја преземе селекторската позиција на селекцијата на Холандија. Фудбалскиот сојуз на оваа земја веќе го подготвува договорот.
Оваа понуда би можело да биде интересна за Пеп од неколку причини, една е поради неговиот „фудбалски татко“ Јохан Кројф, потоа поради офанзивниот и атрактивен фудбал кој се негува во оваа земја како и поради талентираната генерација која ја имаат лалињата.