Фудбал
Гвардиола за фотографиите со пијани фудбалери на Манчестер Сити: Загрижен сум, не ме поканија и мене!
Англиските медиуми објавија фотографии и видеа од фудбалери на Сити кои претерале во пиењето во ноќен клуб по мечот во ФА купот. Станува збор за Грилиш, Вокер и Марез, а првиот дури не можел да стои на нозе колку бил пијан.
Пеп Гвардиола со коментар:
-Премногу сум загрижен бидејќи не ме поканија и мене, тоа не ми се допаѓа. Следниот пат се надевам дека ќе ме поканат, рече Пеп.
Сепак, тој додава дека видеата кои се појавија не ја даваат деталната слика, па секако ќе се истражи случајот.
Најскапиот фудбалер во Премиер лигата „мртов“ пијан, не може да стои на нозете (ВИДЕО)