Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Зошто да играме против Тотенхем, Евертон…Веќе сме шампиони!

Манчестер Сити оствари голема победа викендов на гостувањето кај Ливерпул со 4:1 и чекори кон титулата. Сепак, тренерот Пеп Гвардиола е претпазлив и смирува. Вели дека се уште е рано, а го посочи Ливерпул како пример кој на почетокот на сезоната газеше се пред себе, а сега не личи на шампионски тим.

-Мислите дека на нас ова нема да ни се случи? Тоа секако може и нас да ни се случи. Тоа може да се случи во една недела. Сите пофалби доаѓаат бидејќи победуваме, но сега сме истите како и претхдно. На пример, пред два или три месеци немавме шанси да станеме прваци, да се пласираме во ЛШ, а сега сме супер тим. Можеби веќе не треба да играме во првенството бидејќи веќе сме прваци. Зошто да играме против Тотенхем, против Евертон, па нели сме веќе прваци, изјави Гвардиола во иронија.