Фудбал
Хакими ќе го извести ПСЖ дека сака да си замине
Ашраф Хакими сака да го напушти Пари Сен Жермен само 12 месеци откако му се приклучи на тимот. Мароканскиот десен бек потпиша петгодишен договор со Парижани кои за него на Интер му платија 60 милиони фунти. 23-годишниот фудбалер беше критикуван дека нема ефикасност од претходните сезони во ПСЖ, а досега во текот на кампањата има три гола и четири асистенции на 32 натпревари.
Новинарот Даниел Риоло изјави дека мароканскиот играч е уморен од животот во Париз и не може да комуницира со ниту една од јужноамериканските ѕвезди на клубот, вклучувајќи ги Лео Меси и Нејмар.
„Таму полудува, Јужноамериканците не ни зборуваат со него. Сака да си замине од Париз, доста му е Неговите квалитети не се покажаа во овој тим, па можеби треба да се откаже. Ја критикував неговата лоша форма, но во овој тим тој се бори да ги покаже своите квалитети. Тој е лут и тоа е нормално“, изјави новинарот.
Се погласни се информациите дека соблекувалната е поделена на два табора по лошите резултати на тимот. Тежок беше месецот за Французите откако беа елиминирани од Лигата на шампионите по поразот од Реал Мадрид со 1-3.
Едниот камп е за Јужноамериканците, а другиот е за сите останати, вклучувајќи ги и Французите. Тензиите меѓу двата табора се зголемија откако тимот загуби со 0-3 од Монако.