Connect with us

Фудбал

Хaланд доби понуда за едногодишна бесплатна храна во еден паб по голот против Шалке

Дортмунд, 25 октомври 2020 (МИА) – Поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Кевин Гроскројц беше задоволен од победата на „милионерите“ во рурското дерби над Шалке (3:0).

После голот на напаѓачот, Ерлинг Халанд, Гроскројц напиша на Инстаграм:

„Едноставно одлично момче. Можеш да јадеш бесплатно во мојот гастропаб една година, братче“.

Во првите пет кола од сезоната во Бундеслигата, 20-годишниот Норвежанец постигна 7 (5 + 2) поени, односно пет гола и две асистенции. зс/