Тајмаут
Халанд добил непристојна понуда! Дали ќе ја прифати: Убавицата од Германија и ѕверот од Норвешка! Заедно наскоро?! (ФОТО)
Најубавата спортистка на светот, Германката Алиса Шмит го предизвика Ерлинг Халанд, фудбалер на Манчестер Сити.Убавата Германка упати отворена понуда до Норвежанецот, поточно го предизвика на трка тврдејќи дека може да го победи.
Халанд е исклучително брз фудбалер, неговата експлозивна моќ и сила му помогнаа да постигне 52 гола на 53 натпревари минатата сезона. Максималната брзина на Ерлинг е 36,2 км/ч.
Алиса Шмит верува дека лесно би го победила Ерлинг Халанд во нејзината омилена дисциплина – 400 метри. Нејзиното најдобро време на овој дел е нешто помалку од 55 секунди.
Идејата да се натпреварува со Халанд, сексапилната Германка, дошла кога таа на 21 август на Светското првенство во атлетика во Будимпешта одговарала на прашања на новинарите.
– Хм, не знам – можеби. Мислам, да на 400 метри, да. На 200 метри би било тешко. Ќе ми биде драго доколку се одржи трката, вели таа.
