Connect with us

Фудбал

Халанд откри кој го инспирирал и изненади многумина со неговиот одговор

Норвежанецот Ерлинг Халанд се истакна во дуелот на неговиот Дортмунд против Севилја во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Халанд постигна два гола и асистенција, што беше доволно да се најде на насловните страници на светските медиуми.

Неверојатниот Норвежанец откри по натпреварот кој е неговата најголема инспирација во моментот.

„Убаво е кога луѓето те сакаат. Мое е да тренирам, работам и да бидам што е можно подобар на теренот Синоќа бев инспириран од Килијан Мбапе. По неговиот настап против Барселона, се надевав дека ќе можам да го сторам истото. Убаво е да имам некој близок до мене генерациски, со кого би можел да се борам, ми дава дополнителна мотивација“, рече Халанд.