Фудбал
„Халанд повеќе нема да игра за Борусија Дортмунд“
Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матјус верува дека 20-годишниот напаѓач ќе го „направи следниот чекор“.
Според него, норвешкиот репрезентативец е подготвен веќе да ја напушти Борусија, иако тој пристигна во овој тим минатата зима од Салцбург.
„Позитивноста што ја зрачи се рефлектира на целиот тим, но мислам дека кога ќе дојде време за тоа, а тоа е многу скоро, Халанд повеќе нема да игра за Борусија Дортмунд и ќе го направи својот следен чекор. Тој е подготвен, и сите сме горди што го имаме во Бундеслигата. Треба да му бидат благодарни во Дортмунд, тој е напаѓач кој одлично одговара на тој тим “.
“Тоа е машина стара 20 години. Тој е летачки напаѓач. Тој носи позитивна енергија во тимот дури и кога не постигнува голови. Тој е незаменлив. Тој е веќе лидер на тимот, тој е нешто како Роберт Левандовски во Баерн”, додаде поранешниот германски репрезентативец.
Таткото на Халанд неодамна изјави дека Ерлинг не планира да ја напушти Борусија, но како што игра, расте интересот за него од најголемите европски клубови.