Connect with us

Други спортови

Хамилтон испрати сериозно предупредување до Мерцедес

По остварените три победи на првите четири трки во Формула 1, Луис Хамилтон доживеа големо разочарување во Монте Карло.

Реков уште од самиот старт, ќе ни биде многу тешко. Ви потенцирав уште првиот ден, тие имаат шампионски болид оваа сезона и ќе биде многу тешко да ги победиме. Сериозен сум околу тоа и навистина го мислам тоа што го велам. Победивме на трки на кои не требаше да победиме и тоа е добро, така беше особено во Бахреин. Има долг пат пред сите, но едно е јасно. Не смееме да си дозволиме уште еден ваков ужасен викенд. Среќен сум што завршив. Секој бод ќе биде важен, но ваков лош викенд не смее да се повтори. Лошо е што и следната трка во Баку се вози на улична патека, ни беше тешко во Монако да ги загрееме гумите, ќе видиме дали ќе се подобриме во Баку, – изјави Хамилтон.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на вчерашната трка од шампионатот во Формула 1.