Connect with us

Други спортови

Хамилтон најбрз во квалификациите за шпанското Гран-при

Барселона, 15 август 2020 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи во квалификациите за Гран-при во Шпанија. Британецот првата стартна позиција ја обезбеди со време 1:15.584.

До Хамилтон во првата стартна позиција ќе биде клупскиот колега Валтери Ботас.

Од третата до десеттата позиција се Верстапен, Перез, Строл, Албон, Сајнц, Норис, Леклер Гасли.

Себастијан Фетел е дури 11-ти.

Главната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Шпанија ќе се вози утре со почеток во 15:10 часот на патеката „Каталуња“ во Барселона. зс/