Connect with us

Други спортови

Хамилтон поради “лошиот Мерцедес” го одби новиот договор

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе остане без договор на крајот од оваа сезона.

Британецот беше скептичен во врска со новиот болид кој Мерцедес му го подготвен за оваа сезона и не сакаше да потпише нов договор.

Тој сметал дека Мерцедес W09 нема да биде доволно брз, но шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф верува дека по ГП Шпанија, каде што Хамилтон беше доминантен, ќе дојде до продолжување на соработката.

“Не сакаме да го изгубиме, и мислам дека тој нема намера да оди некаде на друго место. Не постои причина зошто ние не би биле заедно уште неколку години. Финализирање на договорот е нешто во кое заедно мора да се вклучите на бара време. Тоа одлучивме да го оставиме на страна и да ги подобриме перформансите на болидот. Сега продолжуваме понатаму, а преговорите ќе ги продолжиме во право време “, изјави Волф.