Connect with us

Други спортови

Хамилтон се уште го сонува болидот на Ферари

Петкратниот и актуелен шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, во својата кариера возел за само два тима – Мекларен и Мерцедес, но никогаш не криел дека има љубов и кон најстариот и најпознатиот Ф1 тим, Ферари.

По четири титули со Мерцедес, Хамилтон призна дека заминување од тимот би било многу тешко и дека постои лојалност кон „Сребрената стрела“, но како и кај речиси секој Ф1 возач, постои прикриена желба да се биде зад воланот на Ферари.

  • Во моментов, многу е тешко да се замислам во некој друг тим. Ова е моето семејство, ова е тимот каде што израснав, но во исто време го велев истото додека бев и во Мекларен.

Една од причините поради која заминав од Мекларен беше да видам дали можам да направам нешто посебно на друго место. Јас лично знаев, но морав да им докажам на другите. Во моментов не чувствувам таква потреба, но никогаш не вели никогаш, истакна Хамилтон.

Шпекулациите велеа дека неговиот најголем ривал за титулата, Германецот Себастијан Фетел, последните две сезони имаше пред-договор за трансфер од Ферари во Мерцедес за 2018 година, но по забележувањето на прогресот во тимот од Маринело решија да остане. Поради тоа во иднина може да се очекува замена за пилоти, односно Хамилтон за Фетел.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com