Connect with us

Други спортови

Хамилтон си купи уште еден стан на Менхетен

Петкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон си купил стан на Менхетен за фантастични 40 милиони долари, објавува „Вол стрит журнал“, и тоа во близина на уште едниот стан кој го има во квартот Трибека во Њујорк.

Според „Журнал“, Хамилтон го купил станот на улицата Вестри број 70, зграда која е во делумна сопственост на НФЛ квотербекот Том Брејди, кој интересно, беше гостин на Хамилтон и на Ф1 на Монако ГП трката минатата година.

Хамилтон претходно си купи стан со 5 спални за 43 милиони евра на Гринич стрит 433, во непосредна близина на неговиот нов стан. Хамилтон официјално има престојувалиште во Монако, каде што поседува стан во блокот згради каде што се сместени повеќе Ф1 возачи, но Британецот секогаш патувал низ целиот свет, дури и кога не се трка.

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com