Connect with us

Други спортови

Хамилтон со ултиматум – бара решен статус со Мерцедес пред летната пауза

Луис Хамилтон не планира да се повлече од Формула 1, му поставил ултиматум до лето на својот тим Мерцедес за да се реши неговата иднина за следната сезона.

Британецот не сака да се повтори последната ситуација, кога преговорите се одвиваа за време на паузата меѓу две сезони и на крајот и двете страни се пожалија дека лошо ја темпирале оваа акција.

– Не сакаме да се најдеме во позиција како што бевме во јануари и фебруари.

– Си ја уништив цела зима, а не верувам дека таквата ситуација му одговараше и на Тото Волф, кој не можеше да биде релаксиран во таа кратка пауза која ја имаме.

– Имаме уште 19 трки, но би било убаво да имаме појасна слика пред паузата, за тоа навистина да биде еден мини одмор за сите, – изјавил Хамилтон.

Aктуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон вчера го достигна легендарниот Аиртон Сена со 98-та победа во кариерата откако триумфираше на патеката Каталуња за ГН на Шпанија

Реклама

Facebook