Connect with us

Други спортови

Хамилтон веќе овој викенд може до нова титула во Ф1

Британскиот возач во болидот на Мерцедес Луис Хамилтон има шанса веќе овој викенд да ја освои петтата титула на шампион во Ф1.

Хамилтон во последниве неколку месеци е во одлична форма, па се оддалечи од најблискиот противник Себастијан Фетел на 67 бодови, што значи дека за викендов во Аустин може и математички да ја обезбеди новата титула.

Со оглед на тоа дека до крајот на првенството останаа само четири трки, доколку Хамилтон во Аустин обезбеди 75 бодови предност, се ќе биде готово. Тоа може да триумфира на една од неговите омилени стази, но фетел да не заврши на втората позиција. И второто место му одговара на Хамилтон, но Фетел мора да биде петти или подолу.