Connect with us

Фудбал

Ханси Флик останува тренер на Баерн!

Баерн Минхен денеска потврди дека 55-годишниот Ханси Флик ќе остане на клупата на тимот.

Флик го замени Нико Ковач на клупата на Баварците на почетокот од оваа сезона, и иако требаше да биде само привремено решение на клупата, клубот реши да го задржи.

Соработката со него денес е проширена. Флик ќе остане на клупата до летото 2023 година, и така завршија сите приказни за останатите тренери на клупата на Баерн.

Флик го предводеше Баерн во 21 натпревар оваа сезона и оствари фантастичен учинок од 18 победи, едно реми и само два порази.