Фудбал
Хаос на фудбалски меч во Црна Гора (ВИДЕО)
Четири повредени и засега само еден приведен навивач – епилогот од прекинатиот дуел меѓу Будуќност и Дечиќ во Црна Гора.
Едно од дерби пресметктие на 23. коло беше прекината во 17. минута при водство на гостите со 1:0, поради општата гужва на монтажните трибини, каде навивачите фрлаа со столови, но и упаднаа на теренот.
-Полицајците денеска спречија судир меѓу навивачки групи на фудбалскиот натпревар меѓу Дечиќ и Будуќност на стадионот во Тузи. Засега едно лице е приведено во службените простории, додека во тек е идентификација на другите учесници во нередите“, изјавија црногорската полиција, а пренесуваат тамошните медиуми.