Connect with us

Други спортови

Хаос на социјалните мрежи, поради фотографии на Ѓоковиќ и Надал, како да се на полициски потерници, а не Олимписки игри (ФОТО)

Олимписките игри почнуваат веќе следната недела. Од 26 јули до 11 август спортисти од различни земји ќе се обидат да освојат медал и да ја израдуваат својата земја. Меѓу нив се и тенисерите. Пред почетокот на натпреварувањето на официјалниот сајт на Олимписките игри беа објавени фотографии од тенисери. Поради строги правила, на акредитацијата мора да се гледа само слика на главата, нешто слично како фотографиите за лична карта. Сликите на тенисери и тенисерки изненадија многумина. Штом фотографиите почнаа да кружат на социјалните мрежи, повеќето од фановите останаа во шок.

„О, Боже, изгледаат како луѓето од потерниците“, „Ако ги видите, повикајте полиција“, „Како изгледа ова!?“. Ова беа само дел од коментарите, некои беа и хумористични, за некого веќе се прават разни интересни монтажи и слично.

Advertisement