Connect with us

Кошарка

Хаос на трибините, братот на Никола Јокиќ со тупаница удри навивач во главата (ВИДЕО)

Денвер направи голем пресврт, се врати од негатива од 20 поени и поведе со 2:0 во серијата против Лејкерс. На тој натпревар на трибините настана хаос кога братот на Никола Јокиќ удри навивач во глава.

Што точно се случило не е познато, но видеото стана вирално на социјалните мрежи.


Во краткиот клип се гледа дека најпрвин дојде до расправија и вербална пресметка, по што Страхиња Јокиќ го удира човекот со тупаница во главата. Сопругата на Никола, Наталија веднаш притрчала со ќерката во раце и успеала да ја смири ситуацијата и да ги отстрани браќата на Никола од гужвата. Мажот кој го претрпел ударот пго напуштил тоа место и се упатил кон излезот. Засега нема повеќе информации за целата ситуација.