Фудбал
Хаос во Италија, постигнат гол на годината, но реагираше судијата, го спаси Милан од спектакуларен пораз (ВИДЕО)
Каков хаос во Италија! Милан ја продолжи лошата форма бидејќи четврти меч по ред не победи во Серија А, а сега ВАР го спаси од спектакуларен пораз против домашниот Лече. „Росонерите“ поведоа со головите на Жиру и Рејндерс, а потоа во четири минути преку Сансоне и Банда во 66. и 70. минута домашните израмнија.
Кога Жиру доби црвен картон во 93. минута, Пиколи ги искористи моментите на збунетост на ривалот и ја „скина“’ мрежата на Мајк Мањан! Од околу 30 метри напред Роберто Пиколи постигна еврогол и видовме големо славје за домаќините.
⚽️🇮🇹 GOAL | AC Milan 2-3 Lecce | Roberto Piccoli
ROBERTO PICCOLI WINS THE GAME FOR LECCE WITH AN AMAZING GOAL!!!!!!pic.twitter.com/5FgI3pnBTW
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 11, 2023
Сепак, радоста беше без причина бидејќи голот беше поништен поради прекршок. Многумина нема да се согласат со оваа одлука бидејќи судијата ја репродуцираше снимката и виде фаул во воздушен дуел меѓу двајцата играчи непосредно пред топката да слета на ногата на Пиколи.