Connect with us

Фудбал

Хаос во Севиља, се судрија германски и англиски хулигани (ВИДЕО)

Навивачите на Ајнтрахт од Франкфурт и Вест Хем направија тотален хаос на улиците на Севиља.

Ајнтрахт синоќа го одигра првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа против Бетис, кој го доби со 1:2, додека Вест Хем вечерва гостува во Севиља.

Далеку од дома, навивачите на германскиот и англискиот клуб решија улиците на Севиља да ги претворат во борбен центар.

Навивачите на Ајнтрахт наводно ги чекале навивачите на Вест Хем пред кафеана каде што почнала тепачката. Летаа шишиња и столчиња, се користеа палки, а истото продолжи и по улиците на Севиља се додека полицијата не реагираше и не уапси група поддржувачи на двата тима. Многу крв имаше на патиштата во центарот на Севиља.

Навивачите на Вест Хем добија 3.000 билети за натпреварот против Севилја, а според последните информации, околу 10.000 навивачи на лондонскиот тим пристигнале во Андалузија, што може да создаде нови проблеми на организаторите на натпреварот и обезбедувањето, како и на градската полиција.

Ова не е прв пат навивачите на Вест Хем да учествуваат во нереди надвор од Лондон.