Фудбал
Хаос во Валенсија, 35% од тимот има КОВИД-19
Секој трет член на Валенсија е заразен со коронавирус, соопшти клубот од „Местаља“. Првобитно беше соопштено дека петтмина фудбалери имаат Ковид-19, но сега последната нивна објава вели дека 30 отсто од тимот се заразил со новиот вирус, сметајќи ги играчите, стручниот штаб, и останатиот персонал на клубот.
-Клубот потврдува нови случаи на заражени со КОВИД-19, меѓу стручниот штаб и играчите на првиот тим. Сите се дома, изолирани на постојан мониторинг, се наведува во соопштението на клубот.
COMUNICADO OFICIAL ⤵️
? https://t.co/5WeiVEPE8U#QuédateEnCasa #EsteVirusLoParamosUnidos pic.twitter.com/x1ugWy6Ker
— Valencia CF ?? (@valenciacf) March 16, 2020