Connect with us

Фудбал

Харден го облече дресот на Јувентус и испрати порака до ѕвездата на тимот: Јас сум голем твој фан

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Џејмс Харден откри денес дека е голем обожавател на фудбалерот на Јувентус, Пол Дибала.

Харден го облече дресот на Старата дама и му испрати порака на аргентинскиот фудбалер.

„Сакам да те поздравам и да кажам дека сум твој голем обожавател. Среќно во оваа сезона“, рече Харден.

 

„Џејмс, благодарам за поддршката. Патем, црно-белиот дрес одлично ти стои“, рече Дибала.