Connect with us

Кошарка

„Харден и Вестбрук го заслужуваат НБА прстенот повеќе од било кој“

Првиот човек на Хјустон, Тилман Фертита, рече дека првите две sвезди на неговиот тим го заслужуваат прстенот во НБА.

Семејството Фертита е едно од најбогатите во САД бидејќи Тилман ги поседува Рокетс, а неговите браќа Лоренцо и Френк се косопственици на УФЦ.

Сопственикот од Тексас беше гостин на еден подкаст во кој ја искористи можноста да ги пофали првите две sвезди на тимот, Расел Вестбрук и Џејмс Харден.

„Мислам дека не постои тандем на подобри играчи кои можат да доведат тим до титула како тие двајцата. Би сакал тие да ја освојат титулата, бидејќи тие се двајца најдобри играчи, едни од најдобрите кои некогаш играле кошарка, сигурно. Вестбрук и Харден го заслужува прстенот на НБА лигата повеќе од било кој, а има момци како ПЈ Такер, Ерик Гордон, Остин Риверс и Роберт Ковингтон, кои го заслужуваат истото. Јас ќе направам се што можам само за да им овозможам вакво нешто“, вели Фертита.

На богатство се проценува на околу 4,4 $ милијарди долари, а Рокетс е во негова сопственост од септември 2017 година.