Фудбал
Хари Кејн ти ли си? Лудило, полицијата објави слика од фоторобот од лицето кое ограбило старица, фановите во шок и смеа (ФОТО)
Фудбалските фанови ширум светот, особено оние на Баерн Минхен, ги насмеа официјалниот полициски цртеж – фоторобот на бараниот разбојник, кој неодоливо потсетува на една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. Се разбира, тоа е Хари Кејн.
Nanu! Polizei sucht Räuber, der aussieht wie Harry #Kanehttps://t.co/JS5jOsOI4Y
— BILD Sport (@BILD_Sport) November 24, 2023
Лондонската полиција објави фоторобот од личноста по која трага, а се работи за провалник кој неодоливо наликува на најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и репрезентацијата на Англија и напаѓач кој руши рекорди откако пристигна во Баерн ова лето.
На крајот на октомври, разбојник ограбил старица во богатиот кварт Ричмонд во западен Лондон. Полицијата објави слика од провалникот откако добила подетален опис, а таа брзо се проширила на социјалните мрежи поради неговата сличност со англискиот фудбалер. Обликот на главата, носот, брадата и пределот околу очите одговараат на изгледот на Кејн, а полицијата соопшти дека разбојникот имал околу 30 години, на возраст од Кејн.