Connect with us

Фудбал

Хари Кејн верува дека има двајца дефанзивци против кои не може ништо

Англискиот репрезентативец и напаѓач на Тотенхем Хари Кејн одговараше на различни прашања на навивачите, а меѓу другото призна и против кои дефанзивци најтешко играл.

Кејн долги години е еден од најдобрите напаѓачи и стрелци во Европа, а голгетерот на Тотенхем е главно незапирлив за противничките одбрани. Сепак, како и секој друг напаѓач, и Кејн ги има своите најтешки ривали и оние против кои смета дека не се претставил најдобро.

„Денес се навршуваат 10 години од моето деби во Премиер лигата…времето лета! Подоцна ќе имам слободно време, па ќе одговорам на некои од вашите прашања“, им се обрати Кејн на навивачите, а потоа го „гаѓаа“ со прашања.

На прашањето кој е најсилниот дефанзивец со кој се соочил, тој одговори: „Има неколку кои беа најтешките ривали со кои сум се соочил во кариерата. Еден од нив секако беше Џон Тери, кој едноставно беше паметен стопер, знаеше каде да се позиционира во секој момент и знаеше како да го запре мојот налет“, изјави Кејн.

Потоа му упати комплименти на стоперот на Јувентус Џорџо Киелини.

„По Тери, Киелини. Играв против него во дресот на репрезентацијата и клубот, против Италија и Јувентус, тој е навистина многу паметен и многу силен, физички добро подготвен играч“.

Кејн потоа одговори на други прашања на различни теми, вклучително и како е да се игра покрај јужнокорејската суперѕвезда Сон Хеунг Мин, кој Кејн го опиша како „фантастичен играч и фантастична личност“.

На прашањето кој е најдобриот играч со кој некогаш играл, Кејн го именуваше најдобриот стрелец на Англија на сите времиња Вејн Руни како свој избор.

Кејн успеа да спаси бод за својот тим во жестокото лондонско дерби против Челзи со гол во 96. минута.

„Спарси“ се соочуваат со Волвс овој викенд во обид да ја продолжат својата добра серија.

Брилијантниот 29-годишен напаѓач сезонава постигна еден гол на два меча, додека претходната сезона постигна 17 гола на 38 натпревари во Премиер лигата. Тој беше најефикасен со 30 гола во сезоната 2017/18.

Во повеќето сезони во Премиер лигата постигнува 20+ голови, а иако многу големи имиња го посакуваа со години, тој остана верен на Спарси, чиј член е од 2009 година. Првично замина на позајмица во Лејтон, Милвол, Норич и Лестер, а од 2014 година стана еден од клучните играчи на лондонскиот клуб.

Единственото нешто што е малку тажно е што тој никогаш во кариерата не освоил трофеј. Со Англија играше во финалето на ЕП и загуби од Италија, а со Тотенхем во 2019 година го загуби финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.