Connect with us

Фудбал

Хасани се врати во Шкендија

Шкендија објави дека и официјално е потпишан договор со Ферхан Хасани, повремен македонски репрезентативец. Договорот е за две ипол години.

Потсетуваме, Ферхан Хасани по три и пол години се враќа во црвено-црниот тим, додека во овој период беше дел од тимот на Ал Раед од Саудиска Арабија, ХЈК Хелсинки од Финска, а неодамна настапуваше и за тимот на Партизан од Тирана. Исто така, минатото лето Ферхан Хасани беше дел од репрезентацијата на Македонија на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020 година.

Ферхан Хасани во минатото со дресот на Шкендија освоил 5 трофеи, 2 шампионски титули, два пехари во Купот и еден тројфеј во Суперкупот.  шампион на Северна Македонија, 2 трофеи во Купот и 1 трофеј во Суперкупот.