Фудбал
Хавиер Пасторе го напушта ПСЖ и прави шокантен трансфер?
Аргентинскиот фудбалер Хавиер Пасторе пред неколку години беше голема надеж и му се предвидуваше брилијантна кариера, но тој не успеа да го оправда тоа.
Пасторе на јавноста се претстави во дресот на Палермо, кога го воодушеви фудбалскиот свет. Сепак, аргентинскиот играч потоа одлучи да ја продолжи кариерата во дресот на ПСЖ во летото 2011 година и беше првото големо засилување на овој клуб, по доаѓањето на богатите сопственици.
Аргентинецот имаше понуди од многу европски гиганти, но изненаден кога го избра ПСЖ. Сепак, Пасторе не успеа да изгради кариера, како што се очекуваше во францускиот клуб, а во последниве години овој 28-годишен играч ја загреваше клупата за резервни играчи.
„Скај Спорт“ објави дека Пасторе конечно сака да го напушти ПСЖ, но интересот за него не е голем. Како што пренесува овој реномиран англиски медиум на аргентинскиот играч му претходе шокантен трансфер, односно оди во Вест Хем.
Очигледно, лондонскиот клуб контактираше со ПСЖ и рече дека е подготвен да плати околу 20 милиони евра за Пасторе. „Sky Sports“ известува дека Пасторе покажал интерес за одење во Вест Хем, но сака да почека уште неколку недели, да види дали ќе има подобра понуда.