Connect with us

Други спортови

Хелмут Марко сака намерно да го зарази Макс Верстапен со коронавирус

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, никогаш не престанува да не изненадува со своите идеи. Сега тој сака да ги зарази своите возачи со коронавирус.

Марко ја предложи идејата во телевизиското шоу ОРФ со намера Макс Верстапен и Александар Албон да дочекаат почетокот на сезоната во Формула 1 имуни на новата зараза.

„Имаме четворица пилоти во Формула 1 и десетина млади возачи. Идејата беше да се организира камп каде што ќе се појави инфекцијата. Сите овие се млади со добро здравје. Значи, тие би биле подготвени да ја започнат новата сезона“, рече Марко.

„Но, да рачаме вака: Идејата не беше најдобро примена“, додаде Марко, што е јасен знак дека остатокот од лидерите на австрискиот тим не се сложи со предлогот предлогот.

Сè уште не е познато кога ќе започне новата сезона откако осум трки се откажани, додека следните трки се во Канада, Франција, Австрија и Велика Британија сомнителни.

Сопственикот на Формула 1, Либерти Медиа во моментов планира да одржи 15 до 18 трки. Финансиската загуба досега е помеѓу 200 и 300 милиони долари.