Connect with us

Фудбал

Хендерсон не може повеќе да издржи во Саудиска Арабија – се враќа во Премиер лигата

Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон има само една желба, а тоа е враќање во Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот. Поранешниот капитен на Ливерпул верува дека неговата преселба во Ал Итифак е погрешен чекор што сака да го исправи.

33-годишниот играч од средниот ред го напушти „Енфилд“ летото и се приклучи на тимот на легендата на Ливерпул, Стивен Џерард во Саудиска Арабија. Сепак, Хендерсон сега е подготвен да се врати во Англија, иако потпиша договор до 2026 година со Ал Итифак, со кој добива 700 илјади евра неделно.

Англискиот репрезентативец досега одигра 19 натпревари за Ал Итифак во сите натпреварувања, а има и 5 асистенции.

Казната на договорот се очекува да биде огромна доколку некој клуб не се договори за трансфер со Ал Итифак. Желбата на Хендерсон е да не се врати во Саудиска Арабија и да се пресели во тим кој ќе игра за да заработи повик од Герет Саутгејт за претстојното Европско првенство.

Advertisement