Фудбал
Херојот на Аргентина со пцовки и навреди кон Ван Гал
Хаотично беше четвртфиналето помеѓу Аргентина и Холандија. По 2:2 за 120 минути игра, Аргентина славеше по подоброто изведување на пенали, а херој на „гаучосите“ беше Емилијано Мартинез, кој одбрани два пенали.
Натпреварот изобилуваше со грубости, конфликти и меѓусебни навреди, а судијата Антонио Матеу Лахоз подели дури 17 жолти картони и се мачеше да ја задржи контролата над натпреварот. Мартинез ги одбрани првите два пенали за Аргентина, оние на Вирџил ван Дијк и Стивен Бергуис, а подоцна изјави дека е мотивиран од изјавата на селекторот на Холандија Луис ван Гал.
„Го слушнав Ван Гал како вели: „Ние имаме предност во пенали, ако одиме на пенали, ќе победиме“. Мислам дека мора да ја држи устата затворена“, додаде Мартинез за еден аргентински весник веднаш по натпреварот. Откако славеше со соиграчите, луто се приближи до клупата на Холандија за да се соочи со некого, а камерите сето тоа го уловија.
„Двапати те е*ав, двапати те е*ав ку*во“, му се потсмеваше Мартинез на Ван Гал додека тренерот на голманите на Аргентина се обидуваше да го смири.
„Ние сме во полуфинале бидејќи играме страсно и на секој натпревар го оставаме срцето на теренот. Возбудени сме за натпреварот, како и целиот наш народ во Аргентина. Овде имаме неверојатна поддршка и сигурен сум дека така ќе биде и во полуфиналето каде што не очекува Хрватска“, го најави Мартинез полуфиналето со Хрватска во вторник.