Фудбал
Херојот на Јувентус кој погоди за победа, еден ден подоцна претрпе „ладен туш“
Јувентус успеа да ја победи Џенова со 3:0 и да се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија со продолжението на натпреварот.
Херој на Старата дама беше младиот Хамза Рафи кој влезе во игра во второто полувреме, за да погоди за победа во продолжението.
Рафи синоќа беше херојот на Бјанконерите, но денес го „пречекаа“ лоши вести. Почувствувал болка во коленото и отишол на лекар.
Прегледите покажаа дека 21-годишниот Тунижанец ги повредил лигаментите на десното колено.
Рафи, кој пристигна во Јувентус од Лион пред година и пол, сега ќе пауза од две до три недели.