Connect with us

Тајмаут

Хит снимкa од трибините во Катар: Мечот го следеше човек кој многу личи на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

На првиот меч на Светското првенство во Катар беше снимен голем број луѓе, а беше снимена и комична сцена која создаде врска помеѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и ревијата на најдобрите фудбалски репрезентации во светот.

Натпреварот со кој беше отворен првиот Мундијал во арапскиот свет имаше голема посетеност, а повеќе од 67.000 навивачи го исполнија стадионот, според медиумите, и покрај капацитетот на стадионот од 60.000.

Снимките од атмосферата од првиот меч меѓу Катар и Еквадор, кој заврши неславно за домаќините, го преплавија интернетот, а една од нив се однесува и на Ѓоковиќ.

Имено, некој забележал дека натпреварот од ВИП делот го следи човек кој неверојатно наликува на српски тенисер. Тој мирно седел на своето место, облечен во традиционален арапски фустан, кандура, кој некој решил да го сними и објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Papić (@brat_pelin)

„Погрешен турнир брат“, стои во описот на видеото под кое „лажниот Ѓоковиќ“ предизвика бројни реакции.
Многумина ја забележаа големата сличност меѓу овој Арап и познатиот тенисер, па решија да се пошегуваат на тој начин.

„Лицето на Нолет е како кога го слуша рецептот на Јеца за здрава исхрана“, се пошегува некој, мислејќи на исхраната на неговата сопруга.

„Доаѓа човек од сите страни“, напиша некој знаејќи дека тенисерот синоќа победи на завршниот Мастерс во Торино.

Вака Новак по шести пат во кариерата го освои трофејот на завршниот Мастерс, завршувајќи ја турбулентната тениска година. Подоцна со семејството, сопругата Јелена и нивните деца позираше покрај трофејот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Инаку, Ѓоковиќ по мечот ја искористи можноста на посебен начин да ги бодри српските фудбалери кои со големи очекувања отпатуваа во Катар.
„Сигурно ќе бидам на финалето на Светското првенство. Тоа е сигурно, затоа Србија мора да биде во финалето“, рече тој и им посака среќа.

Facebook

Реклама