Други спортови
Хонда се враќа во Формула 1?
Раководството на јапонскиот производител на мотори Хонда ја разгледува можноста за формално враќање во Формула 1 шампионатот во 2026 година.
Хонда официјално се повлече од Формула 1 на крајот на 2021 година, но моторите на јапонската компанија ги користат тимовите Ред Бул и Алфа Таури.
Британските медиуми потсетуваат дека јапонската компанија се уште официјално не се обврзала да се врати во Ф1 во 2026 година.
„Засега, би сакале внимателно да следиме каде оди Ф1. Немаме конкретни одлуки дали ќе се вратиме во Ф1 во 2026 година “, рече претседателот на Хонда, Који Ватанабе.
Ватанабе рече дека новите правила за моторот се во согласност со корпоративната стратегија на Хонда.
Во август минатата година, ФИА ги одобри новите прописи за мотори за болидите на Формула 1 за 2026 година.
Тимот на Ред Бул ја освои титулата во последните две години во Ф1 со моторите на Хонда.