Фудбал
ХОРОР: Фудбалер доби срцев удар и почина на терен
Алжирскиот фудбалер Софијан Лукар доживеал срцев удар и починал откако се судрил со својот соиграч на натпревар од втората лига во Оран, објавија локалните медиуми.
28-годишниот Лукар од Молудија Саида беше удрен од голманот на тимот во првиот дел од натпреварот во Лигата 2 против АСМ Оран.
Софијан Лукар продолжи да игра по укажаната лекарска помош во инцидентот, но 10 минути подоцна повторно колабира на теренот.
Играчот починал на пат кон болница откако доживеал срцев удар. Веста за смртта на Лукар ги натера двата тима веднаш да го прекинат натпреварот.