Connect with us

Други спортови

Хрватска се крстеше во него, а тој во младата тенисерка

Хрватските тенисери изминатиот викенд славеа во финалето против Франција во Лил и по втор пат во историјата го освоија Дејвис купот, а најголема заслуга за тоа му се препишува на селекторот Жељко Крајан.

Крајан (39) немаше успешна играчка кариера, најдобропласиран на АТП листата бил на 88 место, па рекетот на клин го закачил уште на 24 години, пред се поради бројните повреди кои го следеле на секој чекор.

Меѓутоа, како тренер се прослави со соработката со бројни тенисерки, пред да биде селектор на Хрватската Дејвис куп репрезентација.

Имено, Русинката Динара Сафина во 2009 година ја однел до првото место на ВТА листата, потоа бележел успеси заедно со Доминика Цибулкова, како и со Лора Робсон, а воедно ја тренираше и Јелена Јанковиќ. Пред да се ангажира во репрезентацијата, ја предводеше и Словенката Полона Херцог, која подоцна му стана и девојка. Оваа двојка и денеска е во среќна врска.

  • Повеќе и помагав отколку што имавме класичен однос тренер – тенисерка. Поради притисок и докажувања не и беше лесно, ниту на мене, изјави Крајан во интервју за „Национал“ за врската со 12 години помладата Полона.