Connect with us

Фудбал

Хрватска со победа го стартуваше Мундијалот

Во натпреварот од 1. коло во групата Д репрезентацијата на Хрватска славеше победа од 2:0 над репрезентацијата на Нигерија. Со оваа победа Хрватите се наоѓаат на првата позиција на табелата, откако во претходниот натпревар Аргентина и Исланд ремизираа (1:1) и ги поделија бодовите.

Хрватите дојдоа во водство од 1:0 во 32. минута откако по шутот со глава на Манџукиќ, топката се одби од Етебо и заврши во голот на Нигерија.

Конечните 2:0 ги постави Лука Модриќ со гол од пенал во 71. минута од натпреварот.

Со оваа победа Хрватска е се поблиску до осмина финалето, но сега на Хрватите му преостануваат два навистина тешки дуели против Аргентина и Исланд.