Connect with us

Фудбал

Хрватска во четвртфиналето

Селекцијата на Хрватска се пласираше во четвртфиналето, откако вечерва во пенал серијата ја совлада селекцијата на Данска. Таму ја чека домаќинот Русија.

Регуларниот дел заврши без победник 1:1. Поведе Данска со голот на Јоргенсен уште во првата минута од натпреварот, но три минути подоцна израмни Манџукиќ. Овој резултат беше конечен по 90-те минути, но и по продолженијата од два пати по 15 минути, покрај тоа што Хрватска не реализираше пенал во 116.минута преку Модриќ.

Во пенал серијата фантастична вечер имаа голманите Субашиќ, кој одбрани три пенали, но и Шмајхел на спротивната страна кој одбрани два удари од 11 метри во пенал серијата.

Утре на програмата се два осминафинални натпревари. Бразил игра против Мексико од 16 часот, додека во вечернио термин се среќаваат Белгија и Јапонија.