Фудбал
Хрватски интернационалец ново засилување за Борец од Велес
Хрватскиот интернационалец Еди Баша е најновото засилување на прволигашот од Велес, ФК Борец. Баша е крилен напаѓач и со успех има настапувано во повеќе клубови во елитните првенства во Хрватска,Словенија и БиХ…
Клубот не застанува тука и паралелно преговара и со уште еден странец кој би требало да го засили средниот ред и уште со двајца фудбалери од домашното првенство, но и голман…
Претходно клубот веќе ги договори Алехандер Борха и Лука Трајкоски.