Connect with us

Фудбал

Хуманиот Бонучи, помага на болницата која му го спасила синот

Италијанскиот фудбалер Леонардо Бонучи и неговата сопруга Мартина Мацари одлучиле да донираат 120 илјади евра на болница во Торино. Лекарите од оваа болница пред четири години извршиле комплицирана операција, на тогашниот двегодишен син на Бонучи, Матеа. Во знак на благодарност дефанзивецот на Јувентус одлучил со оваа донација да и помогне на болницата во борбата против коронавирусот.

Со овие пари болницата ќе купи два преносни ултразвучни скенери и 50 респиратори.