Connect with us

Фудбал

И Лајпциг пламна со пациенти со Ковид-19

Норди Мукиеле, Бенџамин Хенрикс и Дани Олмо се последните играчи на РБ Лајпциг со позитивен тест на коронавирус, но има и добри вести за клубот откако Андре Силва се врати во игра.

Силва го напушти карантинот во родната Португалија по негативен тест и денеска повторно ќе тренира, а може да учествува и на рестартот на Бундес лигата против Мајнц 05 во сабота. Мукиеле, Хенрикс и Олмо дефинитивно нема да играат, бидејќи дополнителните тестови потврдија дека се заразиле со Sars-CoV-2, откако претходните беа сомнителни.

Тие им се придружуваат на веќе позитивните Кристофер Нкунку и Соломон Бона, кои се во изолација. Линус Гехтер, пак, стана четвртиот дефанзивец на Херта со позитивен тест и ќе го пропушти неделниот натпревар против Келн. Други бранители заразени со вирусот Сарс-КоВ-2 се капетанот Дедрик Бојата, Дејоваизио Сефувик и новодојдениот Фредрик Андре Бјоркан.