Connect with us

Фудбал

И најголемите мажи плачат, освои се со Реал Мадрид, но со ова ништо не се споредува (ВИДЕО)

Фудбалерите на Флуминенсе ја освоија првата титула во Копа Либертадорес, откако во финалето одиграно на легендарната „Маракана“ по продолженијата ја совладаа Бока Јунирос со 2:1. Натпреварот имаше посебна и емотивна нота за некои постари момци кои веќе пишуваа фудбалска историја.

Флуминенсе ја освои историската титула во својот град, а херој на играта беше резервистот Џон Кенеди, кој со страшен волеј удар го постигна победничкиот гол против Бока на крајот од првото продолжение, поточно во 99. минута.

Сепак, Кенеди лесно можеше да се претвори од херој во трагичар, бидејќи при прославата на најважниот гол во кариерата заработи втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку на теренот. Сепак, неговите соиграчи не му дозволија на ривалот да дојде до ново израмнување во драматичен финиш.

По мечот е јасно – најемотивни беа Фелипе Мело и Марсело. Надминаа се во кариерата, можеби ова се последните натпревари во кариерата. Марсело освои се со Реал, но оваа титула му е се.

„Чувствував дека имам долг кон клубот. Ништо не беше напишано, ништо не беше кажано. Луѓето не критикуваа, а денес Флуминенсе е шампион на Јужна Америка. Честитки до сите во клубот, од персоналот до претседателот. Бев многу нервозен пред натпреварот, сега сум пресреќен“, изјави Марсело.