Фудбал
И ова е можно: Не е учесник во финалето на Лигата на шампионите, а ќе добие медал
Во Ливерпул, не го заборавиa лесно нивниот последен играч кој замина од клубот во јануари.
Кутињо за 142 милиони фунти во зимскиот преоден рок од Ливерпул се пресели во Барселона, но сепак ќе добие медал од утрешното финале, само прашање е дали тоа ќе биде злато или сребро.
Кутињо веќе играл за Ливерпул во Лигата на шампионите и на Енфилд сметаат дека и тој треба да добие медал, затоа што учествуваше во групната фаза од нај елитното клупско натпреварување.
Инаку, победничкиот тим во Лигата на шампионите ќе има 40 медали за да подели, а поразениот во финалето ќе добие 30 сребрени медали. Која боја ќе биде оној на Кутињо, ќе дознаеме утре.