Кошарка
И тој е дел од тимот – Јокиќ пристигна на прославата на српската репрезентација! (ВИДЕО)
Заврши емотивниот пречек на кошаркарите и Новак Ѓоковиќ пред српското Собрание, а потоа сите се упатија кон Ушче, во ресторан во кој се појави и Никола Јокиќ.
Најдобриот кошаркар на денешницата дојде да ги поздрави репрезентативните колеги и да им честита за освоениот медал на Мундобаскетот.
Се чини дека ова е првиот знак дека Никола Јокиќ би можеле да го видиме во репрезентацијата на Светислав Пешиќ следната година во Париз на Олимписките игри…
Да се потсетиме и на зборовите на Светислав Пешиќ кој истакна дека Никола Јокиќ е дел од овој тим. Да потсетиме, Јокиќ беше најдобар играч во еден дел од квалификациите кога победија против Турција и Грција и практично, Србија направи клучен чекор кон Мундобаскетот.
Јокиќ дојде со сопругата на вечерашниот собир.
Тоа не е се, вечерва во истиот ресторан беа и Немања Недовиќ и Василије Мициќ, кошаркари кои исто така не беа дел од тимот на Мундобаскетот, но сепак го минаа квалификацискиот циклус.