Connect with us

Фудбал

Иако се пензионираше минатата година, клаузулата на Азар со Реал Мадрид се уште е активна, сега ја полни касата на својот поранешен клуб

Некогаш еден од најдобрите фудбалери Еден Азар пред седум месеци ја заврши својата играчка кариера, но британски Телеграф денес носи интересна вест. Имено, иако Азар одамна не се занимава со фудбал, Белгиецот му донесе профит од 5 милиони евра на Челзи, лондонскиот клуб во чиј дрес некогаш брилираше. Азар најави повлекување од фудбалот во октомври 2023 година, но договорот за трансфер на играчот помеѓу Челзи и Реал Мадрид остана валиден за оваа сезона.

Во договорот имаше клаузула за бонус од 5 милиони евра што Реал треба да му ги плати на Челзи доколку оваа сезона се пласира во финалето на Лигата на шампионите, а сега овие пари ќе им бидат исплатени на сините од Лондон. Азар се пресели од Челзи во Реал Мадрид во летото 2019 година за 115 милиони евра, а сега добро ќе им дојде на сините дополнителни пет милиони евра за да ги почитуваат правилата за финансиски фер-плеј кои се на сила во Премиер лигата. Во Реал Мадрид по големиот трансфер Азар се покажа како голем неуспех бидејќи имаше огромни проблеми со повредите, па за четирите години колку што беше на Бернабеу забележа 

Advertisement