Други спортови
Ибра, ти си мој пријател! Ѓоковиќ направи шоу по историската победа!
На публиката и гледачите им се обрати најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ по победата во финалето на Ролан Гарос. Србинот во три сета го совлада Каспер Руд и со тоа влезе во тениската историја. По кревањето на пехарот, Ѓоковиќ го кажа следново.
“Ви благодарам за оваа посебна атмосфера. Тоа беше неверојатен момент, еден од најголемите во мојата кариера. Можеби случајно ја освоив 23-та титула токму во Париз. Овој турнир отсекогаш ми бил најтежок и затоа јас многу сум емотивен во моментов. Многу нешта се случија на теренот и надвор од него. Ви благодарам, чест ми е што сум овде на овој посебен терен“, рече Новак на француски.
Потоа му се обрати на Каспер Руд на кого му честиташе за одличниот турнир и рече дека сите на АТП турнејата го ценат и почитуваат со причина.
– Ибра, ти и ја се већ знамо, ти си ми већ другар. pic.twitter.com/vNacC7KN7u
— Đorđe (@theDjole) June 11, 2023
„Во денешниот свет, тоа значи кога знаете дека некој има вистински човечки вредности. Вашиот тим, тренерите, сите се супер фини, вие навистина заслужувате почит. Жал ми е за резултатот денес, тоа не е најдобриот начин да се стави крај на турнир.Ти си еден од најконстантните тенисери во последно време“.
Тогаш се случи интересна ситуација.
На крајот им се заблагодари на спортистите кои го следеа во финалниот натпревар. „Жиру, Ибра, Мбапе, Том Брејди… Ви благодарам, се надевам дека уживавте, голема чест е да ги имаме овие неверојатни спортисти овде“
„Ибра, јас и ти се знаеме, ти си мој пријател“, рече Ѓоковиќ на српски јазик, а легендарниот фудбалер со рацете го покажа срцето.